За нас

Потенцијалот на технологија го трансформираме во деловни вредности

КИНГ ИЦТ е компанија специјализирана за напредни информатички и комуникациски (ИКТ) решенија.
Дел сме од М САН групацијата која брои преку 30 поврзани фирми кои вработуваат повеќе од 1500 луѓе во шест земји.

Нашата мисија: Потенцијалот на технологија го трансформираме во деловни вредности.

Нашата визија: Да се биде водечки испорачател на ИЦТ (ICT)-услуги во регионот.

Што работиме?

Нашите решенија ja зголемуваат ефикасноста на бизнис-средината, ги автоматизираат бизнис-процесите, ги намалуваат трошоците преку оптимизација на инфраструктурата и го олеснуваат процесот на донесување одлуки врз основа на релевантни и навремени информации.
Нашите вработени секојдневно развиваат и имплементираат нови решенија во клучни ИЦТ гранки:софтверски решенија, инфраструктурни и мрежни решенија (активна) решенија за техничка заштита и пасивни мрежни решенија. Решенијата кои ги испорачуваме се движат од високо специјализирани, до оние кои ги користат голем број на луѓе во секојдневниот живот.

За кого работиме?

Нашите клиенти работат во различни дејности - некои се занимаваат со транспорт, некои со енергетика, со земјоделство, здравство, образование, правосудство, трговија, финансии, телекомуникации, градежништво...
Нашите решенија се прифатени и кај клиентите  од другите пазари. Затоа, отворивме канцеларии во Босна и Херцеговина, Србија, Македонија и Косово.

Како работиме

Работиме како регионален систем-интегратор, тесно сме поврзани со глобалните технолошки партнери, што на нашите клиенти им овозможува најнова технологја и практика. Нашите деловни процеси се усогласени со меѓународните стандарди - ISO 9001 (управување со квалитет), ISO 14001 (управување со животната средина) и ISO 27001 (управување со информатичка сигурнос), а сите комплексни фази на интеграциските проекти ги водат врвни експерти, по препораките од страна на PMI.