Новости

Уште 7 дена до конференцијата „Ден на отворени интеграции“


Денот на отворените интеграции уште еднаш ќе ги собере домашните и светските стручњаци од деловниот и ИТ светот. Преку предавања, тркалезни маси, и работилници на технолошките партнери, посетителите ги очекува богата сестрана програма која ќе покрие теми од дигиталната инфраструктура, дигитализација и автоматизација на економијата, спојување на наизглед неспоиви сектори, и безбедност.

Cloud-от веќе го презеде приматот во дигиталната трансформација, a 5G револуцијата е во својата почетна фаза. Во ова ново окружување разговараме колкава важност ѝ придаваме на дигиталната инфраструктура? Одговорите ќе ни ги дадат Вираг Бела (Virag Bela) од консултантската куќа Артур Д. Литл (Arthur. D. Little). И покрај новите технологии, побавниот раст на европското стопанство е причина за загриженост. Бројни актери спасот го гледаат во дигитализацијата и автоматизацијата на економијата, но недостигаат конкретни акциски планови. Зошто заостануваме зад другите европски економии и може ли државата да пружи соодветна иницијатива која ќе го реши недостигот на работната сила ќе ни открие Хрвоје Стојиќ (Hrvoje Stojić), директор на одделот за економски истражувања во Адико Банка Хрватска (Addiko Bank Hrvatska).

Германија, Шведска и Естонија се само дел од европските земји кои развојот на стопанството го темелат врз концептот на Трипл Хеликс (Triple Helix). Во Хрватска сè уште не е развиен таков систем, но постојат светли примери, како што е роботот РОНА (RONNA). За несекојдневната соработка на медицината и машинството ќе ни говорат неврохирургот од КБ Дубрава (KB Dubrava) проф. д-р сци. Дарко Худи (prof. dr. sc. Darko Chudy) и проф. д-р сци. Бојан Јербиќ (prof. dr. sc. Bojan Jerbić) од Факултетот за машинство и бродоградба.

Заштитата на приватноста и податоците е императив во денешното работење. Андро Галиновиќ (Andro Galinović), претседател на ИСАКА Кроација Чептер / ЦИСО (ISACA Croatia Chapter / CISO) ќе нè запознае со иднината во која не постои „недигитален“ начин на работење. Дали технологијата е доволно зрела за таквата иднина, кои се ризиците и каде нè води неповратната дигитализација?  

Дигиталната трансформација носи бројни предности, но и предизвици. Како овие предизвици да се претворат во придобивки дознајте повеќе на тркалезната маса „Дигитализација на работење предизвици и како да се препознаат? под модераторската палка на директорот на Гартнер Адријатик / Калисто (Gartner Adriatic / Calisto) Иван Маглиќ (Ivan Maglić). На тркалезната маса ќе учествуваат Еуген Паиќ-Карега (Eugen Paić-Karega), член на управата на Загребачка банка (Zagrebačka Banka), Бернард Гршиќ (Bernard Gršić), државен секретар на Централнaтa државна канцеларија за развој на дигиталното општество и Тихомир Шибалиќ (Tihomir Šibalić), директор на компанијата Ена Инфосенс (Enna Infosense).

Во состав на конференцијата ќе се претстават 20 иновативни решенија на компанијата КИНГ ИЦТ (KING ICT) и нивните партнери, а во подготовка се и 6 технолошки работилници. Сите информации и деталната програма побарајте ги на официјалната страница на конференцијата.