ИКТ решенија

ИНФРАСТРУКТУРА - Оптимизација на информатички ресурси

Управување со имот и енергија

Решението овозможува зголемување на енергетската ефикасност и следење на потрошувачката на енергија како и ефикасно управување со одржувањето на објектите и опремата

Решението е наменето за компаниите кои имаат големи деловни простори, без разлика дали ги користат самостојно или ги даваaт под закуп. Решението ги следи со закон пропишаните услови и договорни обврски.

Предности

Решението за управување со имот и енергија ви овозможува да имате целосна контрола врз сите објекти и опрема кои се во ваша сопственост, деловни процеси, ресурси и потрошувачката на енергија.
Во само една минута, достапен ви е прегледот на податоци за: статусот на сите договори, вонредна состојба, неизвршените задачи, статусот за потрошувачката на енергенси, итн.

Технологија

Решението се базира на сервисно-ориентирана архитектура (SOA) која може да комуницира со други софтвери, целосно независни од платформата.
Управувањето со имот и енергија е модуларен систем со архитектура на повеќе нивоа, со градежни единици: Microsoft.NET Framework, Windows комуникациска база и AJAX технологија.

Референци

Ефикасно и економично користење на енергија

Управување со потрошувачката на енергија и намалување на трошоците

Повеќе