Новости

Учествуваме во Advanced Technology Days 11


На 18. и 19. ноември 2015. во Синестар Арена Загреб ќе се одржат 11-ти по ред Мајкрософт Advanced Technology Days.

Ве покануваме да го посетите предавањето на експертот од КИНГ ИЦТ Далибор  Марготиќ насловено како „Преносни BI алатки од домашна изработка за детекција на тесните грла и анализа на работата на SQL сервер“.

Далибор Марготиќ многу години се бави со областа на бизнис бази на податоци и алатки за деловна интелигенција. Во своето предавање преку низа примери ќе објасни како со помош на T-SQL, Power Pivot и останатите Power add-ови да се направи едноставна, а сепак моќна БИ алатка за следење и анализа на SQL Server, и како таква алатка може да помогне при откривањето на забавувањето на SQL Server. Така добиените податоци ќе овозможаат прецизно решавање на проблемите и споредување на состојбата на системот, пред и по интервенцијата како и документација на спроведената оптимизација.

Терминот на предавањато е четврток 19.11.2015. во 10:00 часот, во салата 6.

Помеѓу темите кои ќе бидат обработени на овогодинешната конференција се Windows 10 и Universal Apps Platform, платформа за пишување на апликации кои ќе работат на сите уреди со оперативниот систем Windows. Исто така, на конференцијата ќе се занимаваат со Visual Studio алатки и неговата реинкарнација во верзија 2015.,  како и со актуелните preview верзии на Windows Server 2016 и System Centar 2016, а ќе се објави и доаѓањето на SQL Server, 2016.

КИНГ ИЦТ  е сребрен спонзор на конференцијата Advanced Technology Days 11.