Индустрии

Современа наплата на јавниот превоз

Загребскиот електричен трамвај (ЗЕТ) постигна поголема ефикасност во наплатата на карти и управување со сообраќајот.

Во електронска наплата на превозот се користат претплатни или вредносни билети. Поранешниот „показ“ денес е претплатен билет со чип на кој се чуваат потребните информации за корисникот.

Решение

Со воведување на електронско плаќање на превоз ЗЕТ доби подобра контрола за процесот на продажба и наплата на билетите.
ЗЕТ сега располага со сигурни податоци за бројот на продадени претплатни билети, за бројот на поништени билети, како и за бројот на патници во возилата. Исто така, со системот за известување подобро се управува со бројот на возила во секојдневниот сообраќај.

Технологија

Електронска наплата на превозот се базира врз претплани или вредносни билети. Наместо поранешниот „показ“ сега се користи претплатниот билет со чип на кој се чуваат потребните информации за корисникот. Имплементираното решение опфаќа вмрежување на повеќе од 600 возила на ЗЕТ во единствениот систем, изградба и опремување на центарот за податоци и на малопродажните места на ЗЕТ, а вработените се едуцирани за користење на решението.