ИКТ решенија

ИНФОРМАЦИИ - Статистика и извештаи за ефективно управување
Download PDF

Софтверско решение за поддршка на Службата 112

Во ситуации опасни по живот, времето е од суштинско значење. Службата за системот 112 е многу свесна за овој факт, заради тоа, ние имплементиравме, за што побрзо, поефикасно и посигурно извршување на оваа одговорна работа ново софтверско решение за поддршка на Службата за системот 112, со што сме го подобриле и модернизирале нејзиното работење.

Предности

Софтверското решение е имплементирано во 16 жупаниски центри 112. Целокупната нова хардверска и софтверска структура овозможува стабилна средина за овој критичен национален систем. Решението овозможува полесна координација на заедничкото работење во повеќе центри и сите податоци автоматски се видливи во сите колаборативни центри во реално време, со прикажување на бројот и сите други релевантни податоци за повикот.

Технологија

Благодарение на постигнатата интеграција, ние создадовме една единствена мрежа на Жупаниските центри 112 и Државниот центар за заштита и спасување. Како дел од целото решение беше воведен ЦТИ (CTI - Computer Telephony Integration) систем СФЕРА (SFERA ), кој е целосно развиен од страна на КИНГ ИЦТ и се базира на технологија на Мајкрософт (Microsoft). Системот е модуларен што овозможува идните надградби и воведување на додатоци како што се e-повик (e-call).