Индустрии

Следење на резултатите од маркетиншката активност

Прецизен и брз увид во влијанието на маркетиншките активности врз посетеноста на продажните места

Бројните опции, атрактивните понуди и корисниците со посебни барања го прават телекомуникацискиот пазар многу динамичен. Затоа,  на телекомуникацискиот  оператор Vipnet од исклучителна важност му е да  дознае, во колку што е можно покус рок, дали нивните актуелни маркетиншки активности носат резултати.

Решение

За да може да следи бројот на клиенти во одредени временски периоди,  и така добиените податоци да ги споредува со маркетинг-активности, фирмата Vipnet воведе  автоматски систем за броење посетители на повеќе од 30 локации во своите продавници низ цела Хрватска. Врз база на тие податоци можно е споредување на планираните цели на маркетинг-активностите со остварените финансиски резултати во дадениот временски период.

Технологија

Системот применува софистицирана технологија за обработка на видеосигнал со користење на напредни видеоаналитички алгоритми за броење посетители, инсталирани во самата камера. Камерата преку мрежна инфраструктура  комуницира со централниот серверски систем, кој  собира видеоаналитички мета-податоци од мрежната камера и со анализа и обработка на собраните податоци, им овозможува напреден концепт на известување и бизнис-анализа.

Други проекти од тековната група