Индустрии

Download PDF

Системот за продажба и резервациja на билети

Новиот систем за продажба на билети е базиран на модерната технологија, која е во согласност со потребите на модерните корисници

Интернет како главен канал на модерните времиња овозможува побрза и поедноставна продажба и купување. Во пресрет на ова, ХЖ Превоз на патници имаат развиено систем на продажба и резервации на билети, кој им овозможува на корисниците резервација и купување билети преку интернет портал или паметен телефон (smartphone). Благодарение на системот, ХЖ Превоз на патници го модернизираше своето работење и со тоа овозможи побрзо и полесно користење на транспортни услуги.

Решение

Освен купување онлајн, нашето решение овозможува купување на билети на безготовински автомати кои користат картички како платежно средство, со имплементација на стабилни терминали за смарт картички ги замениа класичните хартиени легитимации за месечни или повеќегодишни карти. За ХЖ Превоз на патници, овој проект го зголеми квалитетот на услугите кон крајните корисници, подобар увид во деловно работење и сигурно и континуирано работење.

Технологија

Системот за продажба на патнички билети се базира на пет продажни канали: ПОС благајни, мобилни терминали, ТВМ автомати за билети, паметни телефони, и конечно веб (web). Спроведено е интегрирање на системот со други решенија како што се CRM, ЅАD, ERP системи, БИ решение за аналитика и интеграција со системот EPA за меѓународна продажба на билети. Во системот е имплементиран и заштитниот ѕид (firewall), системот за спречување на ранливост (IPS) систем за балансирање на мрежен сообраќај.