Индустрии

Download PDF

Систем за интероперабилност

Брзата и доверлива размена на информации помеѓу државните органи е појдовната точка за ефикасно извршување на нивните задачи и надлежности.

Системот за интероперабилност овозможува безбедна размена на информации помеѓу државните институции во Република Македонија преку утврдени стандарди и протоколи на машинско ниво.

Решение

Модернизирана платформа за интероперабилност овозможува електронска размена на податоци помеѓу 19 институции со можност за идно неограничено проширување со нови институции. Секоја институција располага со свој сервер, наречен комуникациски клиент, преку кој пристапува до централната компонента на системот, наречен централен сервер. За институциите кои што немаат можност да ги интегрираат сервисите во својот систем, обезбеден е веб портал, преку кој овие институции се најавуваат во системот за интероперабилност и можат да ги користат достапните веб сервиси.

Технологија

Хардверската платформа на системот се базира на редундантна серверска околина, уред за складирање на податоци и соодветни мрежни уреди, виртуелизирани и поставени во Hyper-V Failover Cluster. Платформата на централниот систем се темели на Microsoft BizTalk и Microsoft SQL технологии. Апликативниот развој е во .Net технологија.