ИКТ решенија

ИНФОРМАЦИИ - Статистика и извештаи за ефективно управување

Системот за деловно известување

Лесен пристап до информации, кои често се наоѓаат во различни места,а исто така, и квалитетен систем за известување се предуслов за носење стратешки одлуки

Системот за деловно (бизнис) известување на корисникот  му овозможува единствен поглед на сите финансиски податоци преку централен интерфејс. Системот овозможува брза аналитика на големи количества на податоци низ  различно подготвени погледи.

Предности

Бизнис интелигенција (БИ) алатки за да се создадaт независно аналитички извештаи

  •  Стандардизирано и ад-хок (ad-hoc) известување
  •  Анализа на податоци
  •  Табла за надзор со компоненти за следење на перформанси (Key Performance Indicator - KPI), листа на резултати (Scorecard)
  •  Алатки за самостојно креирање на аналитички извештаи (Business Intelligence - BI) 
  •  пристап до извештаи врз основа на правата на пристап

Системот е наменет за сите компании кои имаат компјутеризирано повеќе бизнис процеси или целокупното деловно работење (бизнис).

Технологија

КИНГ ИЦТ   го имплементира сопственото развиено решение, за деловно известување кое е базирано на КИНГ ИЦТ БИ платформата.

Системот користи Kimball Data Warehouse Lifecycle методологија која на корисникот му овозможува пократок период на имплементација, пониски почетни трошоци, едноставно одржување на системот итн.

Безбедност на пристапот - правата на пристап се дефинираат на ниво на ActiveDirectory именикот, без разлика дали се работи за пристапот до BI порталот, OLAP систем или директен пристап до оперативната база на податоци или архива  на податоци.