ИКТ решенија

ИНФРАСТРУКТУРА - Оптимизација на информатички ресурси

Системи за техничка заштита

Забрзан технолошки развиток во сегментот на техничката заштита, дава IP конвергентни мрежни решенија што овозможуваат интегрирање на различни мрежно ориентирани решенија

Решенија на системот за техничка заштита вклучуваат целосно конвергентни решенија што овозможуваат интеграција на различните потсистеми во единствен систем за надзор и управување. Во состав на техничката заштита нудиме комплетни решенија од областа на видео-надзор, контрола на пристап и евиденција на работно време, контрола на тежина на багаж, товар  и патници, противпровална и периметарска заштита, со посебен осврт врз мрежната интеграција и поврзување со други мрежно ориентирани системи.

Предности

Мрежниот систем за видео-надзор - користење камери со IP мегапикселна технологија, заедно со примена на највисоките безбедносни стандарди за пренос и складирање со цел да се обезбеди квалитетен надзор и превенција од криминални активности.
Мрежните системи за контрола на пристапот и евиденцијата на работното време -  скалабилно мрежно решение за централизирано управување со транскакции на системот за евиденција на работното време и дозволите за пристап до заштитените простори, со можност за централизирана контрола и анализа на трансакциите во системот.
Мрежни системи за противпровална заштита - што се темелат врз IP инфраструктура, овозможуваат исполнување на високите безбедносни стандарди со централизиран надзор и заштита на просторот.
Системот за преглед и скренирање на лица, багаж и товар - софистицирани решенија за скенирање на багажот и товарот и детекција на експлозив во истиот предаден на check-in шалтерите, се базира врз Multiview X-Ray и CT технологија. Освен тоа, применуваме најнова технологија за контрола за рачен багаж во сегментот за детекција на експлозив (Explosive Trace Detection) и скенирање на патници (WBI-Whole Body Imaging).
Централниот надзорен систем - со централизација на мрежно ориентираните системи за техничка заштита, системот за надзор на околината, како и системот за дојава на пожар, гасење на пожар и дојава за  истекување на гас, ги исполнуваат барањата за единствено надзорно решение, со кое се обезбедува управување не само со локалните, туку и со веќе дистрибуираните системи, дествувајќи притоа врз сите параметри на безбедноста што една сложена организациска целина ги бара. Основни предности на системот за централен надзор се едноставен и интиутивен приказ на различни типови на случувања низ различни нивоа на приоритети (бои, звукови), динамички икони на графички прикази, алармни листи со приказ на сите активни случувања и ескалација на процедурите и формите за интелегентно наведување на операторот при обработка на алармот.

Технологија

Решенијата вклучуваат и целосен дизајн и имплементација на системот на сите нивоа на информатичка безбедност и техничка заштита (политика, процедури, IT системи, видео надзор, контрола и евиденција на физичкото и логичкото пристапување, противпровална заштита, надзорни системи) и нивна интеграција во постоечката околина.

Врз основа на вашите потреби, КИНГ ИЦТ ќе ви понуди соодветен систем, користејќи решенија од некои од реномираните доставувачи. КИНГ ИЦТ како свои партнери во областа на безбедноста и техничката заштита ги вклучува компаниите: Axis Communications, Bosch, Agent Vi, Genetec, NOX Systems, HID Global, L-3 Security and Detection Systems, Mango DSP, Multitone Electronics, Videotec…