ИКТ решенија

ДЕЛОВНИ ПРОЦЕСИ - Со компјутеризација на деловни активности до извонредност

Решенија што се темелат врз сателитски технлогии

Користењето на сателитски технологии за собирање просторни податоци има предност за достапноста на податоците за исклучително краток рок, како и следење на промените на големи области.

На сите на кои им се потребни снимки од Земјата за секојдневно работење, КИНГ ИЦТ нуди високо квалитетно и современо решение, кое овозможува едноставен пристап до големо количество просторни податоци, ефикасно следење како и интерпретација на важни промени.

Предности

Користењето на сателитски технологии за собирање просторни податоци има предност за достапноста на податоците за исклучително краток рок, како и следење на промените на големи области.
Главни карактеристики на сателитската технологија, како што се брз одзив, покривање на големи површини и давање просторни информации од било кое место на светот, овозможуваат висока ефикасност во областа на управување со кризни ситуации.

Прилагодливост на соджината кон различните употреби, постојан развиток и откривање на нови промени, брзо ажурирање, одржување и проверка се само некои од причините зошто просторните податоци собрани од сателитските технологии се користат насекаде во светот како извор за ортофото, топографски карти, дигитален модел на релјефот и подлогата во GIS системите.

Технологија

КИНГ ИЦТ нуди решенија во партнерство со компанијата Airbus Defence and Space, која е водечка компанија во сегментот на примена на сателитски технологии.

Со ова партнерство на КИНГ ИЦТ му се овозможува пристап до постоечката база на просторни податоци, а исто така и собирање и снимање нови просторни податоци за целна област, како и нудење на веќе постоечки и развиток на нови решенија врз основа на сателитски технологии.

КИНГ ИЦТ ги имплементира следниве решенија засновани врз сателитски технологии:
  • Решение за зачувување на природата и управување со ризик од природни катастрофи
  • Решение за надзор на граници и национална безбедност
  • Решение за регулирање и надзор за градба
  • Решенија во земјоделството