Новости

Претставување на CROW проектот на Деновите на ИПП


На 15. И 16. Октомври 2015 година, во големата сала на Геодетскиот факултет во Загреб, се одржа конференција посветена на инфраструктурата на просторните податоци – Денови на ИПП. Организатор на конференцијата беше Државната геодетска управа.

Цел на конференцијата беше да даде придонес во развојот на НИПП (Национална инфраструктура на просторните податоци) преку прикажување на состојбите за воспоставување на инфраструктурата, како и преку презентација на нови проекти и сознанија. Исто така, конференцијата беше замислена и како место за размена на искуства помеѓу учесниците кои работат на воспоставување, одржување и развој на НИПП.

KING ICT учествуваше на конференцијата со предавање за проектот CROW  - Централен систем на Хрватски води за известување, согласно ЕУ директивите за води и со презентација на решенија за воспоставување на сервисна инфраструктура на просторните податоци, со која се обезбедија технолошките предуслови за вклучување на Хрватски води во НИПП. Предавањето го одржа Дарко Бото од KING ICT, заедно со Марија Обрдаља од Хрватски води.

Во рамките на презентацијата на проектот CROW, особено интересен беше Геопорталот на Хрватски води.

Геопорталот на Хрватски води е креиран како алатка за визуелна проверка на локациската и атрибутската точност на просторните податоци, пред генерирањето на финален извештај за Европската комисија. Иако тоа тоа му беше иницијална намена, набрзо се увидоа врските помеѓу ,,водните директиви” и INSPIRE директивите, како и идните обврски на Хрватски води кон Законот за Национална инфраструктура на просторните податоци, така што Геопорталот понатаму се развиваше како темелна инфраструктура за исполнување на сите обврски поврзани со просторните податоци, но и како централна точка за пристап до просторните податоци на Хрватски води.

Геопорталот овозможува преглед, преклопување, анализа и разделување на просторните податоци од различни изворни системи во опсегот на делување на Хрватски води. Негови функционалности се визуелизацијата и можноста за приказ на податоци од надворешни извори, по пат на мрежна услуга, како и преку додавање на податоци од датотеката, можност за испис на податоците, делење на моменталниот картографски поглед, локација на прикажаните податоци, можност за споредба на податоците, мерење и обележување на објектите а во потполност е прилагоден и за работа на преносни уреди.