ИКТ решенија

ИНФОРМАЦИИ - Статистика и извештаи за ефективно управување

Планирање и следење на планот за продажба

Со неколку кликнувања достапни ви се актуелните податоци за продажбата и статусот во однос на планот и проекциите

Со решението за планирање и следење на планот за продажбаповеќе не ви требаат денови или недели за собирање на информации од различни извори; планирањето е еднставно, а известувањето е брзо и точно.

Предности

Решението овозможува следење на реализација на продажбата во однос на планот, достапни се финансиските податоци на ниво на поединечни фактури, програми, проекти, претставници на продажбата, итн.
Првите деловни бенефиции се видливи за краток временски рок, решението брзо се прилагодува на вашиот бизнис, и надградбата на системот е брза и флексибилна.

Технологија

Решението за планирање и следење на планот за продажба е интегриран систем кој се состои од следните системи: CRM (Customer Relationship Management), ERP (Enterprise Resource Management), DMS (Document Management System), HRM (Human Resource Management)и BI (Business Intelligence) .