ИКТ решенија

ПЕРСОНАЛ - Управување и развој на човечки ресурси

Паметни картички

Една картичка за сè!

Стратешка насока на современите организации е воведување паметна картичка, како основно средство за докажување право на пристап до податоци, апликации и физички ресурси.

Предности

Контрола на пристапот – на корисниците на паметни картички соодветно со нивните улоги и функции обезбедува пристап до просториите во рамките на организацијата.
Евиденција на присуството - паметната картичка наоѓа широка примена во областа на образованието, како доказ за присуство на предавања, а во компаниите како доказ за присуство на работа.
Зголемена безбедност - корисниците имаат пристап до своите податоци и апликации со користење на картичката што ја поседуваат и пинот кои треба да го знаат.

Технологија

Управување со пристапот до организациски ресурси преку паметни картички вклучува неколку системи. Тоа се системи кои ја дефинираат паметната картичка и и доделуваат дигитален идентитет, сертификат и управуаат со нејзиниот животен циклус.
Паметната картичка ќе биде целосно функционална откако ќе биде поврзана со системот за контрола на пристапот, системот за видео-надзор, системот за евиденција на работното време и системот управување со човечките ресурси.

Други решенија од тековната група