ИКТ решенија

ИНФРАСТРУКТУРА - Оптимизација на информатички ресурси

Оптимизирана ИТ инфраструктура

Сигурна база за поддршка на испораките на постоечки, но и нови производи и услуги

Оптимизираната ИТ инфраструктура е побезбедна и подинамична од досегашната и е поподготвена да го подджри растот и развојот на деловното работење. Овозможува намалување на трошоците за ИТ преку зголемување на ефикасноста на искористување на информатичките ресурси, го поедноставува управувањето на серверите и апликациите, ја подобрува безбедноста и обезбедува флексибилност.

Предности

За подобри сигурност и достапност на сите системи, оптимизираната ИТ инфраструктура на компаниите им овозможува полесна прилагодливост кон променетите услови за деловно работење, помал ризик и побрзо спроведување на технолошките иницијативи, ефективно планирање, анализа и развој на ИТ, пониски хардверски и комунални трошоци за опремување на центарот за податоци и помалку прекини во процесот на обезбедување на услуги за клиентите.

Технологија

Решенијата за оптимизирање на ИТ инфраструктурата се наменети за различни компании, независно од видот на индустријата. КИНГ ИЦТ нуди: решенија за консолидација на ИТ инфраструктура, решенија за управување со ИТ инфраструктура, решенија за складирање и заштита на податоци, сервери и системска инфраструктура и решенија за поддршка на корисници.