ИКТ решенија

ИНФРАСТРУКТУРА - Оптимизација на информатички ресурси

Мрежни решенија

Високиот квалитет на проточност, стабилност и безбедност на податоците се карактеристики на мрежа со високи перформанси

Комуникацијата на сите деловни апликации и системи, во една компанија, зависи од перформансите на мрежата. Освен високиот квалитет на проточноста и стабилноста на мрежата, за непречено работење, од суштинско значење е и безбедноста на податоците кои поминуваат низ мрежата.

Предности

Заштеди во корпоративната комуникација - мрежните решенија овозможуваат значителни заштеди во корпоративната комуникација со воведување на IP телефонија и поврзување на географски оддалечени делови на организацијата преку VPN.
Сигурност на компјутерската мрежа - се воспоставува со имплементација на признати методологии, најдобри индустриски практики и висока технологија.

Технологија

Сертифицирани експерти на КИНГ ИЦТ  развиваат и имплементираат комплексни мрежни и сигурносни решенија, врз основа на технологии од водечките производители:
  • Cisco – мрежни и безбедносни решенија
  • Juniper Networks - мрежни и безбедносни решенија
  • Hewlett-Packard - мрежни решенија
  • Allied Telesis - мрежни решенија
  • D-Link - мрежни решенија
  • F5 - Application Delivery Network  и безбедносни решенија