Новости

КИНГ ИЦТ на меѓународниот собир МИПРО


КИНГ ИЦТ  веќе традиционално учествува на меѓународниот собир МИПРО. Годинава  експертите на КИНГ  ќе ги пртстават САП ЦРМ и САП фор Јутилитис - решение за либерализиран енергетски пазар. 

Предавањето со наслов „САП ЦРМ (SAP CRM) и САП фор Јутилитис (SAP for Utilities) како целосно софтверско решение за либерализиран енергетски пазар“ ќе се одржи во понеделник, 20.5. од 12 до 13 часот во рамките на ХЕП-семинарот.

Кус преглед на предавањето:


Главниот предизвик за компаниите кои се занимаваат со дистрибуција и продажба на енергенсите е брзото и ефикасно приспособување кон промените повзани со либерализацијата на пазарот.

На предавањето ќе биде претставено САП-индустриското решение за услужни компании кои се занимаваат во дистрибуција и продажба на електрична енергија, гас и вода за крајните корисници. Решението ги содржи клучните процеси како што се: процесите за управување на односите со клиентите (CRM), управување со уреди, управување со енергетски податоци, пресметка и фактурирање, како и управување со работните процеси.

Исто така, ќе бидат прикажани и процесте кои се поврзани со пазарната либерализација на снабдувањето со енергенсите и размената на информации меѓу учесниците на пазарот.

Како пример, за имплементација на ова решение и интеграција на САП Јутилитис  и ЦРМ со САП ЕРП (SAP ERP) решение, ќе биде претставен во текот на спроведувањето во Енергетика Љубљана.

Предавачи:


Ирена Хусњак, советник за  САП Јутилитис решенија КИНГ ИЦТ

Марко Ненадовиќ, водител на САП-решенија, КИНГ ИЦТ, KING ICT Роберт Костелац,  регионален менаџер за продажба, САП Хрватска