Новости

КИНГ ИЦТ на конференцијата Виндејс на Мајкрософт 14


Четиринаесеттото издание на Виндејс на Мајкрософт се одржува во Умаг од 7 до 10 април 2014 година. Конференцијата, на која ќе бидат претставени новините од светот на технологијата и на работењето, ќе обедини повеќе од 1.500 учесници.
И оваа година КИНГ ИЦТ учествува на конференцијата како спонзор.

На годинашнава конференција стручњаците на КИНГ ИЦТ ќе одржат четири предавања. Претставуваме решенија развиени во КИНГ ИЦТ и втемелени на технологијата на Мајкрософт, зборуваме за искуствата поврзани со реализацијата на особено предизвикувачки проекти, а во рамки на секогаш интересната тема на односот вработен-менаџер го обработуваме прашањето за деловниот успех во дигиталниот свет.

Посетете нè на конференцијата Виндејс 14 и слушнете ги презентациите на нашите стручњаци.

Распоред и краток преглед на предавањата на стручњаците на КИНГ ИЦТ:

 Би било добро, односно задолжително да се знае за CRM2013: новини во приспособувањето и во проширувањето на платформата
Синиша Кезиќ / понеделник, 13:05–13:50, сала „Корал 4“

Новата верзија Dynamics CRM 2013 носи грст новини, но не само во корисничкиот интерфејс, туку и во сегментите на конфигурацијата, приспособувањето и на проширувањето на решенијата, поради што презентацијата ќе биде ориентирана на најзначајното од наведеното, и тоа со наведување на предностите и на недостатоците на овие карактеристики. На пример, ве интересираат нови видови податоци за тоа како на формата да се постават информации од друг ентитет, нешто што е ново во алатките за дефинирање на деловниот процес. Доколку кој било ваш одговор е потврден, тогаш ова е предавање за вас. Но нема да застанеме тука! Имено, како шлаг за крајот, ќе ви покажеме и нови „Workflow, Real-Time Workflow“. Повеќе…

CRM 101 - водич за почетници во системите CRM
Ивица Иванчиќ / понеделник, 14:10–14:50, сала „Корал 4“

Нашата компанија нема CRM и не сме сигурни ни дали воопшто ни е потребен? Што ќе добијам со имплементацијата на овој систем, за што ќе го користам и накрај - што можам да очекувам и колку ќе ме чини тоа? На предавањето ќе бидат прикажани системот Dynamics CRM 2013 низ призмата на крајниот корисник што користи Outlook, веб или мобилен интерфејс, сценарија за користење на системот во деловни ситуации, интеграции со други системи и можности за известување од системот. Повеќе…

Алка што недостигаше – Power View за мултидимензионални модели
Јосип Надих / вторник, 10:35–11:20, сала „Корал 3“

Power View је самоуслужна BI-алатка за визуелизација на податоци, наменета за деловните корисници. Во првата верзија се појави на платформата SharePoint со поддршка за тогаш новиот табуларен модел на податоци, со голем број ограничувања што ја доведуваа во прашање неговата можност за користење. По појавата на верзијата Excel, која воведе цела низа подобрувања (хиерархии, КПИ, географски карти...), остана да се реши само уште едно прашање на кое се сеќавам уште од предавањата на Виндејс 2012: „Дали постои поддршка за OLAP?“ Сега одговорот е: „Да!“ На предавањето ќе бидат демонстрирани можностите на Power View во работата со мултидимензионални податоци, вклучувајќи групи мерки, хиерархии, калкулации итн. што на Power View му дава многу поширока примена. Повеќе…

Што е предизвикувачко во предизвикувачки проекти?
Ивица Иванчиќ и Синиша Кезиќ / вторник, 16:10–16:55, сала „Корал 6“

На предавањето ќе бидат презентирани искуства и практики во предизвикувачки проектни ситуации, кај кои се бара приспособување на организацијата. Се среќаваме со промени во препораките и во насоките на различни проектни методологии што мора да се применат за да се достигнат стандардните цели во форма на испорака на функционален проект, во рамки на зададено време и буџет. Посебно внимание ќе му биде посветено на остварувањето на дополнителни цели: прифатливост на решението од страна на корисниците и процена на успешноста на имплементацијата. Со примери на успешни ситуации ќе ги презентираме и честите причини за неуспех во реализацијата на проекти, а на тоа треба да му се посвети посебно внимание, како во продажбата, така и во изведувањето. Повеќе…