Новости

КИНГ ИЦТ на конференцијата Мипро 2016


КИНГ ИЦТ традиционално учествува на Mипро конференцијата која, и оваа година, се одржа од 30.5. до 3.6.2016 година во Опатија.
Оваа година на конференцијата, во име на КИНГ ИЦТ, Нино Талиан, шеф на одделот за информатичка безбедност, одржа предавање со темата „Cryptolocker“ -  можно ли е да се заштитиме?"
Предавањето се одржа во четврток, 1.6.2016 година, во рамките на советувањето ЦТИ - Телекомуникации и информации (9:45 - 11:00 ч.). Обработена беше темата за тоа како да се заштитиме од сега веројатно најопасна група компјутерски вируси кои моментално ги заклучуваат вашите компјутерски датотеки,а можат и да го парализираат целото деловно работење, без да бидат детектирани од стандардните антивирус алатки, „firewalls“ и мрежни безбедносни решенија.

Повеќе за конференцијата може да дознаете на  официјалната веб-страница Мипро 2016.