Новости

КИНГ ИЦТ на конференцијата JavaCro'16


Конференцијата „JavaCro'16“, што се одржа од 18 до 20 мај на Црвениот остров во близина на Ровињ, по петти пат ja собра Јава-заедницата . Со повеќе од 250 учесници и повеќе од 55 предавања, ова беше најголемата „JavaCro“ конференција досега.

Во друштво на предавачи од Хрватска и од странство, меѓу кои беа неколку светски Јава-шампиони и евангелисти од областа на Јава, исто така беа присутни експерти од КИНГ ИЦТ.

Роко Роиќ и Матија Цапан привлекоа посебно внимание со своето излагање „How to pick a Future Proof Java Architecture for the next 10+ years?“, при што ја наполнија најголемата сала на конференцијата.

Со темата „JVM Problem Diagnostics“, Даниел Митар и Александар Радован ги запознаа учесниците со начинот на истражување на проблемите во работењето на Јава-апликацијата, предизвикувајќи голем интерес меѓу колегите.

Со учеството на „JavaCro“, експертите на КИНГ ИЦТ потврдија дека се меѓу лидерите во Хрватска и во регионот, со знаење и искуство во оваа област, и дека не заостануваат во ништо зад светските трендови и технолошките експертизи во однос на нивните странски колеги.