Новости

Десеттата по ред Конференција Денови на напредната технологија


Десеттата по ред Конференција Денови на напредната технологија, се одржа на 12 и 13.11.2014 година  во Cinestar Арена Центар Загреб. Предавањата  на конференцијата беа насочени кон иновациите во областа на Cloud Computing, развојот на мобилни решенија, модерни бази на податоци  и напредна анализа.

Колегата  Јосип Надих, одржа предавање во средата со наслов "Power Query и "М"јазик - ETL на дофат на рака?" во кои преку примери ги објасни можностите на Power Query  во комбинација со "М" јазик.

Што е, всушност, ETL? ETL (Extract-Transform-Load) е комплексна дисциплина за дофат, трансформација, и вчитување на трансформираните податоци која е резервирана за специјализирани алатки и експерти кои се занимаваат со интеграција на податоците. Со појавата на Power Query додатокот за Excel, некои ETL функционалности се лесно достапни за поширок круг на корисници.

Предавањето беше наменето за аналитичарите на податоци и другите напредни корисници на Excel кои во својата секојдневна работа се занимаваат со обработка на податоци од различни извори со цел - известување.
Честитки до колегата за успешното предавање!