Новости

КИНГ ИЦТ Мајкрософт партнер на годината за Босна и Херцеговина во 2017 година


Во конкуренција na партнери на Мајкрософт (Microsoft) кои испорачуваат водечки решенија на клиентите врз база на Мајкрософт технологијата, КИНГ ИЦТ беше именуван за Мајкрософт партнер на годината во Босна и Херцеговина.

Мајкрософт годишно од доделува признаниа на партнери во повеќе категории на глобално и на национално ниво, а оваа година во изборот учествуваа над 2.800 учесници од 115 земји.

Титулата Партнер на годината на национално ниво, доказ е за извонредно знаење и услуга на КИНГ во спроведувањето на Мајкрософт решенија. По тој повод, директорот на КИНГ ИЦТ Адис Побриќ рече: Стратегијата на КИНГ ИЦТ е да им помогне на корисниците во создавањето специфични, конкретни решенија за нивните деловни предизвици, со користење на Мајкрософт технологијата. Ние сме благодарни на Мајкрософт за признавање на нашите напори и континуирано вложување во развојот на знаење и компетентност, а ова признание тоа и го докажува.“

Ние сме почестени што КИНГ ИЦТ е препознаен како Мајкрософт партнер на годината во Босна и Херцеговина, рече Рон Хаделстон (Ron Huddleston), корпоративен потпретседател на Мајкрософовиот Уан комершал партнер нетворк (One Commercial Partner Network): КИНГ ИЦТ се покажа како стручен и иновативен партнер во креирањето на бизнис решенија на платформата на Мајкрософт.

Омар Кривошија, директор на Мајкрософт БиХ, изјави дека оваа награда дополнително го потврдува успехот на долгогодишна соработка на КИНГ ИЦТ со тимот на Мајкрософт во БиХ во иновативни решенија кои КИНГ ИЦТ нуди на своите клиенти.

Да се биде Мајкрософтов партнер на годината во БиХ, во конкуренција на повеќе од 350 партнерски компании Мајкрософт БиХ, претставува големо признание. Клауд (Cloud), мобилност и Биг податоци (Big Data) станале основа за зголемување на продуктивност и ефикасност, не само за комерцијални, но исто така и за јавниот сектор. Овогодинешното признание на КИНГ ИЦТ, е дополнителна потврда за долгогодишни, успешни вложувања во развојот на компетенции и вештини, со фокус на клауд и мобилноста, како и примената на овие знаења за крајните корисници. Честитки уште еднаш и со нетрпение очекуваме да соработуваме и во иднина, особено на проекти насочени кон дигиталната трансформација на бизнис процесите на корисниците во БиХ “, изјави Омар Кривошија, директор на Мајкрософт Босна и Херцеговина.