Новости

КИНГ ИЦТ ја доби наградата на Мајкрософт за најдобро имплементирано решение


На конференцијата Партнер ден 2016, која традиционално ја организира Мајкрософт БиХ, добивме награда за најдобро имплементирано решение на МС технологија во минатата година.

Конференцијата се одржа на 3 октомври во хотелот Холидеј во Сараево и собра повеќе од 100 водечки ИТ компании во БиХ. На конференцијата беа доделени награди на најдобрите партнери, презентирани новитети од портфолиото на Мајкрософт, новите трендови и беа презентирани резултатите постигнати во претходната година.

KИНГ ИЦТ БиХ ја доби наградата „Најдобро имплементирано решение на МС технологија во 2015 година за решение и проект на имплементација на Дејта Верхаус (Data Warehouse) и БИ систем во Електростопанство на БиХ“.

Имплементираното решение му овозможи на Електростопанство на БИХ  да ги отстрани тешкотиите со кои компанијата се соочуваше во процесите на управување со податоците во дистрибутивната дејност. Се работи за критични работни процеси кои имаат потреба од податоци со висок квалитет, точност и достапност, a кои се чувале и се обработувале низ хетерогени информациски системи - различни верзии на бази на податоци, различни технологии и различни механизми за меѓусебна размена на податоци. Заради таквата ситуација - непостоење на централна база на податоци и централна магистрала за размена на податоци - подготовката на обединети анализи и извештаи, клучни за донесување на подобри деловни одлуки, беше практично невозможна, а известувањето зависеше од ИТ одделот на компанијата.

КИНГ ИЦТ за Електростопанство на БиХ има имплементирано централизиран, скалабилен и флексибилен Дејта Верхаус (Data Warehouse) и БИ систем кој овозможува изработка на високо форматирани, интерактивни, предефинирани извештаи кои можат да се прилагодат кон специфичните потреби на корисниците. Решението е целосно интегрирано со MS Office пакетот. Податоците се превземаат од 8 различни изворни системи, а во идните надградби ќе се додадат нови извори на податоци.

Досега КИНГ ИЦТ има повеќе успешно завршени DWH / BI проекти на MS технологија, а проектот за Електростопанство на БиХ е навистина голем и значаен успех.