Новости

КИНГ ИЦТ имплементира систем за планирање и за управување со процесот на продажба за компанијата ДОК-ИНГ


ДОК-ИНГ е хрватска компанија со подружници во САД и во Јужна Африка. Компанијата е специјализирана за производство на роботизирани системи и на опрема за посебни намени - возила за деминирање, машини за работа во рудник и роботизирани противпожарни уреди. Во последниве неколку години компанијата го додаде во своето портфолио и развојот на електричен автомобил.

Компанијата ДОК-ИНГ го воведува системот за планирање и за управување со процесот на продажба со намера да го унапреди работењето, а, пред сè, процесот на продажба.

Во март годинава КИНГ ИЦТ во рекорден рок ја заврши првата фаза на имплементирање на системот што се базира на технологијата Microsoft Dynamics CRM. Според изјавите на корисниците, првите деловни придобивки од системот што се имплементира се видливи веќе во првите денови од неговото користење.

Основни карактеристики на системот CRM

Управувањето со процесот на продажба во рамките на системот CRM подразбира системско водење на податоците за продажните активности, корисниците, околностите, конкуренцијата и за производите, односно за сите димензии на работењето што се следат во рамките на продажбата. Системот овозможува известување за различни димензии на односите со купувачите, а за водителот на продажба тоа значи фокусирање на управувањето со продажни активности наместо трошење време на креирање извештаи од различни табели на поединечни членови на продажниот тим.

Резултатите од користењето на системот што се имплементира се видливи веќе по три месеци

Веќе во првите денови по имплементирањето компанијата ДОК-ИНГ ги согледа првите деловни придобивки од ваквиот систем. Тоа, пред сè, вклучува надзор на работењето во сегментот продажба и известување за продажните активности во реално време. Дополнително, со имплементирањето на системот, на компанијата ДОК-ИНГ ѝ се овозможува:

  • централизирање на сите значајни податоци за корисникот на едно место
  • следење на продажните околности и нивна реализација
  • следење на успешноста на продажните активности за клиентот и за продавачот
  • сегментирање на корисниците според различни критериуми
  • известување преку параметризирани извештаи според производи и програми, извештаи за реализација на планови

Уште една важна потврда на компетенцијата во имплементирањето на системот CRM

Системот за планирање и за управување со процесот на продажба што КИНГ ИЦТ го имплементира за компанијата ДОК-ИНГ се базира врз Microsoft Dynamics CRM. Со овој проект КИНГ ИЦТ уште еднаш ги потврди своите компетенции во имплементирањето на системот CRM во Хрватска. Всушност, токму имплементирањето на системот CRM во Хрватскиот автоклуб од страна на КИНГ ја освои наградата на годината за софтверско решение што „Мајкрософт“ ја додели на конференцијата Microsoft WinDays 2012.