Новости

КИНГ ИЦТ го потврди сертификатот за одржување на САП-системи


КИНГ ИЦТ успешно го заврши процесот на ревизија на сертификатот за одржување на САП-системот.

„Partner Center of Expertise“ (ПЦОЕ) е многу тешка и обемна ревизија што се врши на секои две години, а резултатот е сертификат кој е потребен во поголемиот дел од тендерите за одржување на САП-системот.

Од 2012 година КИНГ ИЦТ постојано го потврдува својот САП ПЦОЕ-статус. Сертификатот е потврда дека постапките, упатствата и обрасците за поддршка што ги поседува носителот на сертификатот се на високо ниво за поддршка на клиенти во согласност со стандардите на САП.
 
САП ПЦОЕ-сертификатот припаѓа во група на високо ценети и барани сертификати, а со неговата ресертификација КИНГ ИЦТ обезбедува значајна конкурентска предност  во областа на давање услуги за поддршка.