Новости

КИНГ ИЦТ го имплементира единствен систем на заштита во новиот центар на РАЛУ Логистика


КИНГ ИЦТ успешно го имплементираше комплексен проект во новиот логистички дистрибутивен центар РАЛУ логистика во Ругвица.

РАЛУ логистика е компанија која обезбедува транспорт, складирање, магацинско работење и дистрибуција на стоки во студениот ланец на подрачјето на Европа и Русија.

Компанијата се карактеризира со модерен начин на водење бизнис, по примерот и во согласност со начелата кои се применуваат од страна на големите меѓународни компании со сличен профил - за превоз на стока се користат 170 композиции на камиони со полуприколка опремени со технологија за безбеден и здравствено  исправен транспорт на стоки при температури од -25 до +25 °C. РАЛУ логистика на своите клиенти им овозможува следење на транспорт на нивните производи онлајн (online), целото  раборење е во согласност со најстрогите критериуми на управување со безбедноста на храната и управување со ризикот.

За да се дополнително подигне квалитетот и безбедноста на услугата, РАЛУ Логистика новиот логистичко - дистрибутивен центар во Ругвица го опреми со комплексен интегрален електронски систем за безбедност, кој вклучува мрежен (IP) систем за видео надзор, систем за препознавање на регистарски таблички на влезот, IP контрола на пристап, како и IP противпровален систем и надзор на околината во системска соба. Сите системи се интегрирани преку централна апликација за надзор. Имплементираниот систем е дизајниран по примерот на други модерни логистико дистрибутивни центри во Европа.

Значењето на централниот систем за надзор и безбедност во работење

Системи од овој тип се од непроценлива вредност за одржување на параметри на безбедноста, во согласност со барањата на комплексни организациски единици како што е РАЛУ Логистиката.

Основните предности на системот за централен надзор се едноставен и интуитивен приказ на различни видови на настани преку различни нивоа на приоритет, алармни листи со приказ на сите активни настани, како и обезбедување на брза и транспарентна интеракција  на операторот при прием и обработка на алармот.

Надзор на целиот систем од едно единствено место, како и навремено и прецизно известување на настанот, обезбедува брза реакција на несакана ситуација.


Со системот за заштита се покриени сите активности во областа на логистикиот- дистрибутивен центар

Комплексен систем врши надзор на комплетен надворешен и внатрешен простор на  логистико- дистрибутивен центар со површина од 11.500 м2 и капацитет од повеќе од 12.000 палети места. Системот ги надгледува и врши контрола на бизнис процесите, пристап до објектот и сите значајни деловни активности во рамките на центарот.

Систем за заштита се состои од видео надзор, елементи на системот за препознавање на регистарска табличка, контрола на пристап, противпровален систем и надзор на околината (детекција на пречекорување на температурата и детекција на наввлегување на вода), кои се следат од едно место, со користење на апликацијата за централен надзорен систем.

Систем на видео надзор и препознавање на регистарските таблички ги покриваат влезот за коли, паркинг за камиони, приоди кон складиштата како и самиот простор за складирање. Со помош на специјални камери за читање на табличките се контрола влезот и излезот во просторот на дистрибутивниот центар. Во сите чекори, псе следи роцесот на утовар и истовар на стока, како и системот за надзор и полнење на возилата од РАЛУ групата со гориво. Технолошки, модерноста на системот се гледа и во тоа што на вработените од РАЛУ Логистика им е овозможен непречен влез и излез од центарот, бидејќи системот автоматски ги препознава.
За комплетен видео надзор поставено е околу 30 камери со квалитет на слика 3 до 6 МП, во зависност од потребите и специфичностите на процесите кои ги следат.
Еден од најголемите предизвици за имплементација на системот беа екстремни температури во складиштата за замрзната стока, кои се движат од 0 до -25 °C.

Со системот за контрола на пристап се заштитени со сите клучни насоки во објектот, а влезот на пешаци е дополнително обезбедени со пешачка бариера (трипод) и читач за картички. Системот е дизајниран така што просторот е поделен во неколку зони, а на вработените имаат пристап до одредени зони во согласност со доделените права.

Систем за протупровала и мониторинг на околината ги заштитува сите надворешни влезови во простори за складирање, кои не се опфатени со системот за контрола на пристап, како што се на пр. Врати за евакуација. Во случај на отворање на вратата, на главниот влез се јавува сигнал за предупредување. Со системот за надзор на околината се следи работна температура на системската соба и се детектира продирање на водата.
На главниот влез, преку апликацијата за централен систем за надзор, од 0-24 се следат сите делови од системот на заштита, и доколку е потребно, системот реагира со предупредување или аларм.


Матија Мандиќ, директор на Секторот за техничка заштита и пасива, КИНГ ИЦТ:

Имплементираниот систем во логистичко-дистрибутивен центар РАЛУ Логистика претставува единствена синергија на различни системи на техничка заштита од различни производители во единствен систем за надзор и управување. Само низ ваквиот систем и интеграциски пристап може да се создаде систем по мерка на корисникот и истиот да се прилагоди на специфичните барања и потреби. Преку апликацијата за централизиран надзор, целосно развиена со сопствени сили во КИНГ ИЦТ, можно е да се интегрираат било кои потсистеми со отворен интеграциски протокол во единствена надзорна средина.