ИКТ решенија

ИНФОРМАЦИИ - Статистика и извештаи за ефективно управување
Download PDF

КИНГ ГЕО ДАТА Менаџмент

Оваа современа интерактивна платформа е изградена во согласност со важечките стандарди и технологии за создавање и уредување на просторни и картографски податоци кои можат да бидат интегрирани во голем број на деловно информатички системи.. Платформата може да се користи во голем број на активности како што се осигурување, администрација  со земјиштето, земјоделството, водостопанството, статистички извештаи или во случај на природни катастрофи.

Предности

Интуитивното решение се гледа во неговата сестраност. КИНГ ГЕО ДАТА Менаџмент овозможува прикажување на картографските прикази преку веб и десктоп апликации, а размената на податоци се врши преку веб ГИС пребарувач и стандардните просторни ОГЦ (OGC) веб-сервиси. Собраните податоци можат да се тематски организираат и со универзален пребарувач  детално да се пребаруваат, а по потреба, решението изработува стандардизирани и прилагодени извештаи  на картографски прикази.  Со едноставен клик целата содржина може да се сподели на социјалните мрежи, е-маил или со QR код.

Технологија

КИНГ ГЕО ДАТА Менаџмент  се темели на најновата технологија која е во согласност со барањата на INSPIRE директивата. Благодарение на флексибилноста на решението податоците може да се прочитаат од надворешенните извори, како што се ОГЦ веб (OGC Web) сервис и можат да се преземаат во KML, SHP, CSV, XLS или GML формат. Модуларниот пристап кон системот дава можност за интеграција со различни бизнис системи како SAP, EMRI или DMS конектори.