Новости

Уште 10 дена и - целта е остварлива


Ден на отворени интеграции, годишна конференција на компанијата KING ICT (КИНГ ИЦТ), се одржува на 20.3.2014 година во хотелот „Антуновиќ“ во Загреб.

ICT-индустријата е еден од четирите столба на Националната индустриска стратегија во Република Хрватска
Под мотото „Целта е остварлива“ конференцијата му ја посветуваме на прашањето – какви се улогата и придонесот на ICT-технологијата во одржливиот стопански раст?

  • Дамир Новотни, економистот на годината, анализира што се случувало во хрватската индустрија, какви се трендовите во Европа и какви се фактичките перспективи на Националната индустриска стратегија
  • Жерар де Граф, директор во DG CONNECT (ДГ КОНЕКТ), ќе зборува за Агендата 2020 и за дигитална Европа
  • Борис Житник, директор на OMNIA Consult (ОМНИА консулт), ќе ги анализира најголемите предизвици на ICT-индустријата

Ќе зборуваме за инвестирање во истражувањето и развојот, за интелектуалната сопственост, за новите можности за вработување, за извозот на висококвалитетни решенија и за профитабилноста.

На тркалезната маса, во отворена дискусија, реномирани експерти и претприемачи нудат одговори на актуелни прашања што стојат пред хрватската ICT-индустрија.

По деветти пат собираме учесници од информатичката и од други индустрии, како и од државната и од јавната управа за размена на информации, споделување мислења и пораки што таргетираат актуелен момент во работењето и во развојот.

 

ДОПРЕТЕ, ИСПРОБАЈТЕ, ДОЖИВЕЈТЕ, ПОЧУВСТВУВАЈТЕ ...

Во нашата секогаш атрактивна ДЕМО-соба ги претставуваме најновите решенија од портфолиото на KING ICT.

  • Решение за персонална здравствена евиденција

Персоналната здравствена картичка е веб-портал за архивирање и за евиденција на лични медицински податоци. Погледнете како изгледа тоа и како функционира!

  • Документите можат да бидат во совршен ред (DMS)

Решенија за управување со документација (Document Management System) – побрзо и поефикасно управување со разни видови документи. Во демо-собата можете да погледнете примери на имплементирани DMS-решенија: е-дозволи – решение развиено за Министерството за стопанство; управување со документи за сите министерства и за цела државна управа во Македонија, одобрување влезни фактури за компанијата JGL (ЈГЛ) и централна архива за конзорциумот Agrokor (Агрокор), како и поврзување со процесот на одобрување влезни фактури за компанијата IDEA (ИДЕА) (Србија), членка на групацијата Agrokor (Агрокор).

  • Ново од KING: интегрирани телекомуникациски и мрежни решенија

Корпоративните комуникации се претвораат во единствен интелигентен систем за мобилно работење. Корисникот добива решенија приспособени на неговите потреби, од почетно идејно решение преку набавка на сите ICT-услуги и производи до имплементација на телекомуникациската услуга

  • CRM-решенија во служба на продажбата

CRM-решенијата во портфолиото на KING ICT се темелат на платформата Dynamics CRM.
Во демо-собата претставуваме две решенија, за индустријата Automotive (Аутомотив) и решение за customer care на веб-порталот eKupi.

  • Планирање и следење на продажбата преку единствен систем

Решението за планирање и за следење на планот за продажба е интегриран систем што се состои од CRM-систем, потоа систем за аналитика на работењето, финансии, логистика и други корпоративни услуги (ERP), систем за управување со документација (DMS) и систем за управување со човечки ресурси (HRM).

  • KING Service Lifecycle – ефикасна поддршка за корисниците

KING Service Lifecycle е решение за веб-пријава на дефекти и за примање барања за поддршка. Овозможува поедноставна комуникација меѓу корисниците и службениците што ги решаваат пријавите и побрзо решавање на барањата. Во демо-собата можете да погледнете како во практика функционира KING Service Lifecycle.

  • Решенија базирани врз сателитски технологии

Претставуваме решенија за оптимизација на земјоделското производство, за зачувување на природата и за одржливо користење на природните ресурси, надзор на границите и подигнување на нивото на националната безбедност, за креирање релевантни и актуелни бази на постојните податоци за контрола на илегална градба итн.

  • Решенија за управување со мобилното опкружување

Enterprise Mobility Management е комплетно решение за управување со мобилни уреди, апликации и деловни податоци во мобилното опкружување. На корисниците им овозможува постојан пристап до информации, интранет, електронска пошта и до други деловни апликации, без оглед на тоа преку која мрежа се поврзуваат или кој уред го користат, со целосна функционалност на уредот и зачувување на безбедноста на корпоративните податоци и пристапот на интерната мрежа.

  • Напредни концепти за мрежен видеонадзор и видеоаналитика

Security Center (Секјурити центар) на компанијата Genetec (Генетик) е единствена интеграциска платформа што поврзува системи за видеонадзор базирани на IP-технологија во еден интерфејс и на тој начин значително ги поедноставува надзорните активности. Комбинацијата од оваа флексибилна платформа и мрежни камери од најновата генерација овозможува креирање систем што целосно им одговара на специфичните барања за безбедност на секоја организација.