Новости

ХЖ Инфраструктура воведе нов информатички систем за управување со имот


ХЖ Инфраструктура започна сеопфатен проект Воведување на интегриран систем Asset Management за управување со имот, со цел да го модернизира своето деловно работење и ефикасно да ги следи трендовите во сите области на деловното работење, по примерот на европските компании со слични профили.
 
Системот ќе и овозможи на ХЖ Инфраструктура поквалитетно и поефикасно управување и одржување на имотот преку голем број на опции. Некои од нив се управување со залихите и намалување на потребни и истечени залихи, оптимизирање на набавките и плановите за набавка, прецизна и точна евиденција на инвентарот, управување со работни налози и превентивно одржување и надзор на сите компоненти на железничката инфраструктура. Благодарение на брзата достапност до сите релевантни податоци, системот овозможува поефикасно планирање и квалитетно известување во секое време.

Проектот е претставен во Загреб во четврток на 2. Јули а на претставувањето присуствуваа претставници и членови на проектните тимови на нарачателот и испорачувачот, како и останатите учесници кои ќе бидат вклучени во овој голем проект.
Очекувано траење на проектот е 24 месеци, а испорачувач е конзорциумот предводен од фирмата КИНГ ИЦТ, заедно со фирмата B4B.

На претставувањето на проектот, членот на управата на ХЖ м-р сц. Иван Вуковиќ, ја сумираше главната цел на проектот:
„Ова е чекор во иднината што се однесува до ХЖ Инфраструктура. Со воведување на ова современа алатка нашата цел е модернизација на деловното работење и точен преглед на имот со кој располагаме за да можеме квалитетно да управуваме и истиот да го одржуваме.“


Процесите опфатени со интегриран ИТ систем за управување со имот

Системот овозможува поддршка на процесите за управување и надзор на имотот на ХЖ Инфраструктура и јавните добра, што вклучува континуирано следење и распоред на одржувањето, пријава на дефекти, сеопфатен надзор на железничката инфраструктура и поврзување со ГИС подсистемот. Важен и корисен е аспектот на системот кој овозможува теренска работа со помош на мобилните уреди.


Како воведувањето на системот ќе влијае на деловните резултати на ХЖ Инфраструктура?

Модернизација на работењето и воведување на системот за управување со имот директно ќе влијае на деловните резултати на компанијата.

Благодарение на подобрувањето на работните процеси, повисокото ниво на управување со работните задачи и со организација на одржувањето ќе се зголеми достапноста на железничката инфраструктура.
Преку подобрување на способностите за надзор на инфраструктурата ќе се зголеми безбедноста.
Подобро управување со залихите и оптимизација на набавката ќе доведе до намалување на оперативните трошоци, а зголемена транспарентност која ќе се постигне со воведувањето на единствениот систем ќе овозможи детално следење на трошоците поврзани со имотот и ресурсите.

Опис на решението Enterprise Asset Management

Решението EAM (Enterprise Asset Management, управување со имотот на компанијата) ја поддржува организацијата  во ефикасно и одржливо управување со целокупен циклус за одржување на физичкиот имот во смисол на перформансите, ризикот и трошоците во согласност со ПАС 55/ИСО-НП 5500 (PAS 55/ISO-NP 5500) пракса на добро управување со имот.

Во рамките на овој проект, ХЖ Инфраструктура воведува решение за управување со одржувањето на линеарниот имот, распределување на работата и управување со недвижниот имот; решение за интеграција со мерните возила и поддршка во одлучување при планирање на одржувањето на железничката инфраструктура; решение за пријава на инциденти, надзор над инфраструктурата и управување со техничката документација.

Системот ќе биде тесно интегриран со постојните ХЖ системи за далечинско управување и надзор, ГИС системот и новиот контактен центар.

За испрачателот на проектот

Испрачателот на овој комплексен проект е конзорциумот предводен од КИНГ ИЦТ, во партнерство со B4B. Проектот е продолжување на соработката на ХЖ Инфраструктура со наведените компании, по завршување на проектот за имплементација на системот САП ЕРП во поранешниот ХЖ холдинг.

„Завршената имплементација на САП ЕРП системот, кој своевремено беше воведен во поранешниот ХЖ холдинг, е најдобар показател за нашата компетентност. Имплементираниот систем е технолошки темел на кој ќе се надгради системот за управување со имот. Резултатите од овој проект на нашиот нарачател му беа гаранција дека и овој нов, комплексен проект ќе се реализира со еднаков успех,“ рече во тек на претаставувањето на проектот Иван Ивковиќ, член на Управниот одбор на КИНГ ИЦТ.