Новости

Гостување на Економскиот факултет во Загреб


На Економскиот факултет во Загреб, КИНГ ИЦТ вчера одржа предавање за студентите на постдипломски студии по маркетинг кај д-р Мирослав Мандиќ, на предметот Управување на односите со клиентите (CRM). За CRM-алатка зборуваше Игор Андриќ, експерт за Microsoft CRM во КИНГ ИЦТ.

Целта на предавањето беше да ги запознае студентите со кориснички ориентираното деловно работење, и да се презентира на кои начини може да се користи CRM-системот и тоа на конкретен пример за управување со голема конференција (од  системот за пријавување, плаќање, интегрирање со веб...), низ сите фази на конференцијата (планирање, имплементација, постконференцски дел), кој за возврат на компанијата ѝ овозможува значителни заштеди во ресурсите што ги користи, времето за планирање и управување со податоци.

Исто така, на предавањето е претставена и подлога за повикувачките (call) центри, Unified Service Desk нуди решение кое на агентите за поддршка им овозможува пристап до сите претходно собрани информации за корисникот, неговите нарачки, рекламации, повици, е-пошта пораки, пред самото јавување на корисничкиот повик.

Бидејќи предавањето беше тематски поврзано со управувањето на односи со корисниците, на студентите им беше добредојдено искуството „од терен“. Тоа се потврди со позитивните реакции на студентите и многубројните прашања.