Новости

ЕМЦ му додели на КИНГ ИЦТ највисок партнерски статус во РХ


Со оглед на остварените деловни резултати во 2013 година и на досегашното партнерство со компанијата ЕМЦ, на КИНГ ИЦТ Хрватска му е доделен највисок партнерски статус EMC Solution Provider Partner – Signature.

ЕМЦ им го доделува овој статус исклучително на најдобрите партнери, ИЦТ компании што вложуваат во знаењето и во вештините на своите вработени во подрачјето на ЕМЦ-технологијата. Високите стандарди за добивање на овој статус доведуваат до тоа ЕМЦ во поединечни држави да има едноцифрен број на Signature партнери, а во Хрватска моментно има два.

Партнерскиот статус Signature му овозможува на КИНГ ИЦТ уште поголема репутација на пазарот и препознавање на квалитетот на работата поврзана со ЕМЦ. ЕМЦ потврдува дека КИНГ ИЦТ е во можност целосно да ги задоволи корисничките потреби и има потребен број специјализирани и искусни стручњаци за изведување решенија втемелени на ЕМЦ-технологија.

Со овој статус КИНГ ИЦТ застана рамо до рамо со најпознатите светски компании партнери на ЕМЦ-технологијата.