Индустрии

Ефикасно и економично користење на енергија

Управување со потрошувачката на енергија и намалување на трошоците

М САН Недвижнини кои поседуваат околу 18 000 m²  комерцијален и магацински простор,а своето деловно работење го базираат врз управување со недвижен имот, одлучи да го унапреди квалитетот на деловното работење преку воведување на систем за поефикасно управување со потрошувачката на енергија.

Решение

Со имплементација на системот Consept, решение за едноставно следење на потрошената енергија, кој благодарејќи на навремените информации и автоматизираното управување, овозможува значајни заштеди во потрошувачката на енергија, а со тоа и значајна финансиска заштеда.

Технологија

Consept Facility Management е модуларен систем кој се базира врз повеќеслојна архитектура. ФМ-решението овозможува доделување на корисничките улоги и правата за пристап, дефинирање на безбедносните поставки и вреднување на податоците според степенот на важноста, како и други вообичаени функционалности. 
Системот се базира врз услужно ориентирана архитектура (СОА) и може да комуницира со останатите системи, независно од платформата.
Консепт ФМ (Consept FM) претставува веб-решение базирано врз повеќеслојна архитектура со Microsoft .NET рамка, Windows комуникациска база и AJAX технологија

Решенија користени во проектот

Управување со имот и енергија

Решението е наменето за компаниите кои имаат големи деловни простори, без разлика дали ги користат самостојно или ги даваaт под закуп. Решението ги следи со закон пропишаните услови и договорни обврски.

Повеќе

Други проекти од тековната група