Новости

е-уписи во училиштата и на факултетите


Веќе повеќе години КИНГ ИЦТ работи на информатички проекти во образованието. Тимот од десетина експерти, носители на голем број сертификати, разви решенија за информатизација на образованието врз основа на врвни технологии.

Последниот резултат на успешната работа и соработка со партнерите е проектот е-уписи – информациски систем за пријавување и за запишување во средните училишта.

е-уписи во средни училишта

Оваа година повеќе од 45.000 ученици поминаа низ процесот на запишување во средно училиште, првпат спроведен со помош на информацискиот систем е-уписи.

Учениците, седејќи пред компјутер, можеа да избираат определен број програми на образование во избраните училишта, да ги рангираат во согласност со своите посакувани приоритети и на привремените списоци да го проверуваат својот пласман и по завршувањето на уписот да го дознаат својот успех. Целиот процес го поминаа без одење во училиштата, чекање во редови и дополнителни административни процедури.

Сепак, предностите на овој систем не ги почувствуваа само учениците, туку и наставниците кои оваа година, благодарение на синхронизацијата на податоците за учениците од е-матица, не мораа да трошат време на средување на документацијата, како и Министерството за наука, образование и спорт кое доби уште еден едноставен и транспарентен систем за запишување.

Информацискиот систем за пријавување и за запишување во средно училиште е-упис е развиен од КИНГ ИЦТ во соработка со партнерите, според моделот и искуствата на Националниот информациски систем за пријавување на факултет, а кој идните студенти го користат веќе четврта година.

Системот е развиен врз основа на технологиите Microsoft. Со оглед дека за системот за запишување во средно училиште е користена иста софтверска и хардверска платформа како и за системот за запишување на факултет, со минимални инвестиции и само за шест месеци добивме проверен систем во полна функционалност.

Прецизноста, транспарентноста и брзината на процедурата на запишување се постигнати и со синхронизација на податоците за целата генерација ученици на завршните класови во основните училишта од е-матица во базата на е-уписи.

Министерот за образование Жељко Јовановиќ изјави: Чувствувам гордост, радост и среќа бидејќи претставувам еден од најсложените проекти на ова Министерство, а можеби и на сите министерства за образование досега. Со е-уписи се овозможи нешто што пред тоа изгледаше како гатање и гледање во кристална топка. Овој систем овозможи транспарентно запишување во средно училиште. Министерот додаде дека станува збор за иновативен систем што ќе ја воведе Хрватска во самиот врв на европските политики и дека за неговиот натамошен развој, убеден е министерот, ќе се добијат средства од ЕУ- фондовите.

Системот на е-запишување на факултет се потврдува веќе четврта година

Националниот систем за запишување на факултет на кој првата, 2009/2010, година му беше пробна, веќе четврта година ги потврдува своите вредности. Тоа е систем што во целост ги поврзува сите податоци за идните студенти и за достапните студии, овозможувајќи им на едно место, на екранот на компјутерот, од час во час да ги следат своите резултати, од училишните оценки до испитот на државната матура и до можностите за запишување на факултетите низ цела Хрватска.

Системот, со своите јасни правила, транспарентност, многу навремени информации и одлично функционирање, им дава на сите идни студенти сосема еднаква позиција во процесот на полагање на испитот на државна матура, во реалниот избор на студиите според нивните можности и во запишувањето на факултет.

Всушност, единствена врска што е потребна за запишување на факултет е добра интернет-врска. Сето друго, веќе четврта година, го работи Националниот систем за запишување на факултети.

E-УПИСИ 2013:  Повеќе илјади ученици и студенти се најдобра потврда за подготвеноста и за квалитетот на системот

  • за запишување во средно училиште се пријавиле 45.672 ученика
  • учениците можеа да избираат десет програми во пет училишта и да ги менуваат своите приоритети – тие го направија тоа 2,5 милиони пати – 90% се запишале во училишта означени како нивен прв приоритет
  • на испитот на државна матура излегоа 34.482 кандидата што изработија 139.887 испити
  • во летниот уписен рок право на упис за студиските програми на факултетите остварија 29.772 кандидата