ИКТ решенија

ДЕЛОВНИ ПРОЦЕСИ - Со компјутеризација на деловни активности до извонредност

е.Јавни набавки

Дали спроведувате многу постапки за јавни набавки? Дали имате навремен увид во статусот на тековните процедури?

e.Јавните набавки се решение за контролирано спроведување на постапките за набавки на стоки, работа и услуги согласно Законот за јавни набавки. Решението го покрива процесот од започнување на постапката, според дефиниран план за набавки, сè до склучување на договорот. Крајната цел на процесот е договор  или спогодба која може да се поврзе со ERP системот.

Предности

Решението дава увид во реализацијата на планот за набавки, дава увид во состојбата на сите огласи и овозможува создавање на законски пропишани извештаи. Овозможено е спроведување на постапката според законот, јасно  се дефинирани процесите кои треба да се следат (ревизорска трага), пропишани се корисничките улоги и се парават соодветни верзии на документите.

Технологија

Решението e.Јавни набавки се дел од пакетот на решенијата за управување со документи, развиени од страна на КИНГ ИЦТ на aktivManager платформа.
Деталите за решенијата за управување со документи погледнете ги во делот управување со документи (DMS).

Референци

Компјутеризација на јавните набавки

Хрватските железници воведоа решение за контрола на спроведување на постапката за јавни набавки

Повеќе