Индустрии

Download PDF

ДМС во државната администрација во Р.Македонија

Подобрување на оперативната ефикасност на државните институции и подигнување на квалитетот на административните услуги кон граѓаните и приватниот сектор.

Имплементација на систем за управување со документи и деловни процеси (ДМС) во 16 институции со 2500 вработени, корисници на системот.

Решение

Имплементацијата на ДМС системот овозможи воведување на електронска архива во државните институции, како и електронска размена на документи преку предефинирани процеси, кои го одредуваат текот на документите како и тоа кои вработени се одговорни за изработка и одобрување на тие документи. На тој начин осигуран е брз проток на документите и информациите низ оперативниот систем, а преку стандардизација на работните процеси, унапредено е поединечното и вкупното функционирање на институциите.

КИНГ ИЦТ ја реализираше имплементацијата, софтверското одржување, развојот и поддршката на системот.

Технологија

Имплементираното решение е EMC Documentum, поставено на EMC Documentum xCelerated Composition platformi (xCP). Се работи за унифициран систем, кој е предвиден да се користи во повеќе институции. Со работата и администрацијата на системот за управување со документи, како и со содржините и работните процеси може да се управува од било која локација, со помош на веб базираниот пристап до централниот систем.