Новости

Десет години на КИНГ ИЦТ во Босна и Херцеговина


Фирмата КИНГ ИЦТ оваа година слави 10 години на деловно работење во Босна и Херцеговина.

Прославата на десеттиот роденден се одржа на 23 ноември во Пивница ХС во Сараево, во друштво на партнери, соработници и клиенти на компанијата.

Фирмата КИНГ ИЦТ во Сараево, е основана во 2006 година како дел од групацијата на КИНГ ИЦТ, која денес има повеќе од 350 вработени и работи во Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Македонија и Косово. Како и матичната компанија, КИНГ ИЦТ во Босна и Херцеговина своето деловно работење од почетокот го насочи на развојот на ИТ-пазарот и испорака на напредни информатички и комуникациски решенија.

КИНГ ИЦТ денес има повеќе од 20 вработени - инженери, техничари, претставници за продажба, администратори - сите заедно придонесуваат за успешна реализација на проектите. За десет години работа, компанијата има реализирано повеќе од 100 систем-интеграциски проекти кои се присутни низ цела Босна и Херцеговина во различни дејности: енергетика, телекомуникации, финансии, транспорт, земјоделство, во приватниот и јавниот сектор.

Првиот голем проект беше решение за проверка на присуството на возилата на технички преглед. Во 156 станици е имплементирана опрема и систем кој го идентификува возилото и го верификува неговото присуство на техничкиот преглед. По овој напреден проект следуваа голем број други проекти, во кои пак, КИНГ ИЦТ испорача решенија кои донесоа бројни погодности на компании и институции, какао во приватниот, така и војавниот сектор: од модернизација и компјутеризација на деловното работење, автоматизација на административните процеси, ИТ и физичко обезбедување, до транспарентност на процедури во јавната администрација. Изработени се модерни центри за податоци за: ТВ-станица Ал Џезира, ББИ банка, Висок судски и обвинителски совет (ВСОС) и Федерален МВР. За Оперативно-комуникацискиот центар 112 е инсталиран систем на видео ѕидови и информатичка опрема за поддршка на системот 112. Во низата проекти за техничка заштита  е и видеонадзор на крстосниците во ЗЕ-ДО кантон, како и проектот за видеонадзор на граничните премини за потребите на БИХАМК (BIHAMK).

За ВСОС реализиран е уште еден проект – имплементација на ДЛП-систем, додека за Централната изборна комисија  (ЦИК) е испорачана апликација за прикажување изборни резултати. За Автопатштата на ФБиХ е имплементирана платформа за надзор на уреди и сигурност на ИТ системот. За Полицијата на дистриктот Брчко е испорачано решение – е-Полиција, за компанијата Опреса решението - е-киоск. Во Електростопанство ХЗХБ е имплементиран ДМС-системот, во Кроациа осигурување Љубушки - решение за управување со човекови ресурси, а во ArcelorMittal Zenica решението САП ЕРП (SAP ERP).
За Граничната полиција е развиен и имплементиран софтвер за контрола на граничните премини во БиХ. А пак, за Министерството за земјоделство, водостопанствпо и шумарство на ФБиХ се развиени и имплементирани софтвер за обработка на субвенции во земјоделството и Фармер интернет-портал. Повеќе проекти се реализирани за компанијата Еронет (IAM, ESB, RM, firewall систем ...).

Сите овие проекти се само мал дел од успешната соработка со клиенти и партнери.

КИНГ ИЦТ во текот на годините се здоби со значајни деловни партнерства со реномирани меѓународни компании. Tие партнерства се вбројуваат меѓу најважните потврди за компетентност во испорака на комплексни решенија. За компетентноста зборуваат и наградите. На неодамнешната годишна конференција на Мајкрософт БиХ - Партнер ден 2016 година, КИНГ ИЦТ ја доби наградата за најдобро имплементирано решение на MС-технологија во БиХ во текот на минатата година. Се работи за имплементација на Дејта Верхаус (Data Warehouse) и БИ-решение во Електростопанството на БиХ.
Носител е на Мајкрософт Голд статус од 1.11 и единствен е партнер на ХП со Голд статус во Босна и Херцеговина. Меѓу партнерите на компанијата се: АПЦ, Cisco, IBM, Oracle, SAP, VMware и др., вкупно повеќе од 35 меѓународни ИКТ-компании.

Изјавата на Адис Побриќ, директор на КИНГ ИЦТ БиХ:
„Успехот на компанијата на ИТ-пазарот не би бил можен без задоволни клиенти. Повеќе од 300 фирми и организации ни изразија доверба во изминативе десет години, за што, ние им се благодарни. Со вредниот персонал и партнерите тие се важно тркато што го движи КИНГ ИЦТ во раст и развој. Во првите десет години, сите заедно, многу постигнавме. Ние сакаме и понатаму да бидеме еден од двигателите на развојот на ИТ-пазарот во Босна и Херцеговина, а тоа можеме, како и до сега, да го постигнеме само со заеднички сили.“