Новости

ДЕН НА ОТВОРЕНИ ИНТЕГРАЦИИ 2018 год.


Дигитализацијата на индустријата и неочекуваните пазарни движења ги менуваат досега воспоставените деловни правила. Новите правила бараат нов пристап. 13-тата конференција Ден на отворени интеграции ќе се одржи на 22 март 2018 година во просториите на Хотел Антуновиќ во Загреб со почеток во 9:30 часот. 

Оваа година ќе разговараме за идеи кои градат успешно дигитално општество. Дигиталната агенда предлага голем број решенија во информациско-комуникацискиот сектор, со цел да се поттикнат иновациите, економскиот раст и напредокот. Единствениот дигитален пазар се развива, меѓутоа, дали Европа ќе ги исполни своите зададени цели во областите интероперабилност, мрежна безбедност или промовирање на дигиталната писменост? 

Дигитализацијата на индустријата во Европската унија може да донесе повеќе од 110 милијарди евра дополнителни приходи на годишно ниво. Европската комисија обезбеди 5 милијарди евра за воспоставување на меѓудржавна соработка во процесот на дигитализација на индустријата. Ги истражуваме процесите за дефинирање на национални стратегии за дигитализација на индустријата и каде што сето ова е позиционирана Хрватска. 

Новата индустриска револуција носи огромен напредок во однос на новите технологии како што се Big Data (биг-дата), blockchain (блокчејн) технологии, Интернет на нештата, Cloud computing (клауд-компјутинг), вештачка интелигенција и роботика. Предуслов за стопанскиот развој и примената на нови технологии е ефикасна јавна администрација. Колку е-услугите имаат заживеано во Хрватска и дали постои простор за подобрување, дали имаме јасно дефинирана стратегија за дигитализација на јавната администрација и што се случува со образованието како главен предуслов за напредокот на нашето општество. 

Како и во претходните години, повеќе од 400 посетители преку премиерно прикажани студии на случај, ќе имаат можност подетално да се информираат за успешни примери на индустриската дигитализација, да се запознаат со иновативни решенија во демо-собата и да учествуваат во работилници кои ќе ги подготват за предизвиците на дигиталната ера. Затоа, придружете ни се на 22 март и бидете дел од една од најголемите деловно-информатички конференции во Хрватска.