Нашите настани

Уште 10 дена до 10. Денови на отворени интеграции КИНГ ИЦТ


Ве покануваме да присуствувате на конференцијата, која годишно собира повеќе од 300 учесници, менаџери и членови на одборот на истакнати приватни и јавни компании, влијателни бизнисмени и експерти, претставници на јавната и државната администрација.

Наша главната тема е 10 години на информатизација во Хрватска.

Фокусот ќе биде на развојот на информатизацијата, подобрување на бизнисот и општиот начин на живеење и функционирање на општеството, благодарение на ИКТ проектите.

ТРКАЛЕЗНА МАСА

Тркалезната маса на тема: Колку информатизацијата во една деценија ни го смени животот и работата, и што уште не чека, претставници на различни компании и сектори ќе разговараат за најголемите предизвици во нивниот бизнис во ова време, за конкуренцијата и информатизацијата во следните десет години.
Со нетрпение очекуваме интересна дискусија и размислувања од различни перспективи на тркалезната маса која ќе ја води Миодраг Шајатовиќ. За вовед на тркалезната маса, главниот и одговорен уредник на неделникот Лидер ќе прикаже информатичка револуција насекаде околу нас, како што ја доживеал "обичниот корисник", конзервативен, но сепак склон кон прифаќање на промени.

ИЗЛАГАЊА

Зад називот излагања Дејан Љуштине, член на Управниот одбор на ПВЦ Хрватска Трендови во технологијата во 2015 година се крие голем број на интересни прашања – кои се главните промени во ИКТ екосистем, како влијаат на постоечките и новите играчи во индустријата? Кои се новите бизнис модели, потенцијални области за иновации и како на тоа гледаат инвеститорите?

Јубилејната конференција ќе ја отворат и затворат двајца универзитетски професори - Ректорот на Универзитетот во Загреб проф. д-р. Дамир Борас анализира предизвици и дилеми на хрватското високо образование во судир со потребите на пазарот и финансиските можности на претпријатијата, додека д-р Ивица Радашевиќ од Сплитскиот Факултет за Електротехника, машинство и бродоградежништво, како мотивациски говорник поставува вечни, но секогаш интересни прашања: Што знаеме за универзумот, и она што се уште не го знаеме?


Демо соба и бизнис технолошка работилница

А посебен и секогаш атрактивен дел од конференцијата Кинг е демо собата каде што ние ги презентираме најдобрите решенија и проекти кои се имплементирани кај нашите корисници. Оваа година станува збор за еДозволи, Геопортал, концептот на паметен дом, работа интегрирани решенија за енкрипција, класификација и спречување на одливот на податоци, Cisco dCloudu, демонстрација на платформа на новата генерација.

Конференцијата донесува интересна новина, бизнис-технолошката работилница на која посетителите ќе можат да слушнат и научат повеќе за поедини нови технологии и да учествува во дискусијата.

Слушни, види и информирај се; испробај нови решенија, кажи свое мислење, дознај како и каде се движат другите, а каде иде пазарот – сето тоа можат учесниците на 10. Денови на отворени интеграции и затоа што веќе со години е настан на кој што треба да биде.
Ве покануваме да присуствувате на конференција на која сите информации може да ги најдете на www.king-ict.hr/konferencija