ИКТ решенија

ИНФРАСТРУКТУРА - Оптимизација на информатички ресурси

Безбедносни решенија

Безбедносните решенија овозможуваат непречено и сигурно одвивање на вашиот бизнис

Безбедносните решенија овозможуваат навремена и соодветна заштита и безбеден пристап до информации. Тие се воспоставуваат со имплементација на  признатите методологии,  најдобрите индустриски практики и високата технологија. Безбедносните решенија понудени од страна на КИНГ ИЦТ опфаќаат безбедност од аспект на целиот бизнис, од дизајнот на безбедносните стратегии  и препораки, сè до имплементација на решенија за безбедност.

Предности

Решенијата за безбедност овозможуваат навремено идентификување и елиминирање на слабостите на системот, како и намалување на безбедносните ризици  и зголемување на нивото на безбедност, без забавување и усложнување на деловните процеси.
Успешно имплементираните безбедносни решенија го забрзуваат процесот на усогласување со регулаторните барања и законските обврски, а со тоа полесно се сертифицира компанијата со признат индустриски или безбедносен сертификат.

Технологија

Нашиот тим на сертифицирани и искусни експерти ги имплементира технологиите од следниве производители: McAfee, RSA, HP ArcSight,HP Fortify, HID / ActivIdentity, CA Technologies, Microsoft, Citrix, Oracle, Cisco, Checkpoint, Fortinet, BlueCoat, SafeNet, Genetec.
Ние нудиме комплетно решение со интегрирана логичка и физичка заштита,  како и решение за управување со безбедноста на информации, процеси, системи и деловни простори со  аналитика и надзор.