Нашите настани

11. Ден на отворени интеграции


Колку ќе бидеме конкурентни и атрактивни како друштво таква иднина ќе заслужиме. Ние, во бизнис-заедницата ИКТ (ICT) бараме видливи, мерливи и брзи промени кои во фокусот ќе ги стават интересите на општеството, стопанството и граѓаните, подготвени сме да помогнеме, да се вклучиме и да бидеме дел од промените.

Ова е акцентот од воведното излагање на Претседателот на Управниот одбор на „КИНГ ИЦТ“ Пламенко Баришиќ на бизнис-информатика конференција на КИНГ ИЦТ - Ден на отворени интеграции, која се одржа веќе по 11-ти пат, каде што повторно се собраа неколку стотици менаџери и членови на управни одбори на истакнати приватни и јавни претпријатија, влијателни бизнисмени и експерти, претставници на јавната и државната администрација.

Сепак, според рангирањето на Светскиот економски форум (WEF), Хрватска е на 94-то место во однос на важноста на ИКТ-секторот во визијата на државата, додека парадигмата за бизнис-технологија на современиот свет е: дигиталната трансформација.

Затоа, насловот и темата на овогодинешната конференција на KING е ВРЕМЕ НА ВАЖНИ ПРОМЕНИ - дигитална (и секоја друга) трансформација. Новоименуваниот заменик-министер на „Управата за е-Хрвтска“ Бернард Гршиќ нагласи дека веќе посотојат акциски планови со краток временски рок, насочени кон она што граѓаните и стопанството можеби најмногу ги интересира - понатамошна компјутеризација на јавната администрација, бидејќи таа со тоа станува нивниот современ сервис. Дали сме подготвени за креативност и нови видови на иновации во различни области? Што ќе се случува во времето во кое се менуваат услуги и потрошувачи, понудата и очекувањата, начинот на управување?

За ова во своето предавање Како да се стане лидер во дигиталната трансформација? раскажуваше Мартин Борн, менаџер во почитувана меѓународна консултантска фирма „Артур Д. Литл“, која е специјализирана за стратешки и оперативен менаџмент.

Секој зборува за дигитализација, но никој не е подготвен за тоа, истакна меѓу другото Мартин Борн, зборувајќи за истражувањата што неговата фирма ги спроведе меѓу голем број компании. Досега, повеќето од компаниите се дигитално приспособени, дел од нив се дигитално свесни, помал дел се дигитално ориентирани, но многу малку, и  ’фокусирани‘. Интересно е да се уочи како критичните предизвици покажуваат недостаток на потребните знаења и комплексност на процесите во компаниите, како и тоа дека кај голем број владее мислењето дека ова прашање не е толку итно.

На тркалезната маса со тема Дигитална трансформација – „ил 'се склони или се поклони“ модераторот беше Миодраг Шајатовиќ, главен уредник на „Лидер“, се собраа менаџерите кои секојдневно работат на пазарните и технолошки промени. Ирена Лангер Брезник, директорка на „eKupi“ ја истакна важноста на обмислена стратегија и инсистирање на квалитет при дигитализацијата, а со тоа  и се согласи и Борис Трупчевиќ, директор на „СтириаМедиа Група Хрватска“.

Тој наведува дека потрошувачката на медиумски дигитални содржини за само петнаесет години скокна од три до 40 проценти, а се очекува дека во следните 15 години ќе достигне 80 проценти, Трупчевиќ истакна дека е важно да се воочи оној вистински, битен тренд. Денес, што се мегатрендови? Тоа се со сигурност -мобилни платформи, персонализација на секое корисничко искуство, видеосодржини.

Димитрије Трбовиќ, претседателот на управниот одбор на „АутоЗубак“ зборуваше за позитивните искуства и амбициите на неговата компанија, која започна своја платформа за сервис. Но, интересно е неговото мислење дека автомобилската индустрија во целина сериозно заостанува зад трендови на комуникација со клиентите, а особено да создава нови кориснички искуства што се карактеристика на дигиталната ера.

Борис Баук, директор на ХП „Ентерпрајз Хрватска“ прикажа интересна презентација на промени во самиот Хјулит Пакард кој со донесувањето на големи стратешки одлуки, од поделба на компанијата на два дела до „заминување“ во клауд, очигледно успешно се адаптираа на новите услови на пазарот и клиентите, на кои сега во многу краток рок може да испорачува услуги, но на нов начин, со предвидување барања и пред некој нешто да нарача.

Томислав Радош од Центарот за индустриски развој на „Хрватската стопанска комора“ истакна дека ХГК, која има околу 120 000 клиенти нема друга перспектива, освен 90 % од нивните активности да ги пренесе на online.

žД-р Дејан Винковиќ, астрофизичар и директор на „Институтот за синергија на науката и општеството“ одржа интересно предавање за тоа што се случува со нас во ерата на големи количества податоци. Ни се случува ’сè‘; поинаку истражуваме, учиме, осознаваме затоа што имаме неверојатно количество на сите можни податоци. Проблемот е во тоа што тие самите не вредат многу, ако не се поврзани во квалитетни информации кои можат да бидат основа за квалитетно донесување одлуки.

ДЕМО-СОБА

Посебен и секогаш атрактивен дел на конференцијата е ДЕМО-собата во која се претставени најдобрите решенија и проекти кои ги имплементираше КИНГ ИЦТ кај своите клиенти.

Оваа година, за прв пат во Хрватска  е претставен најсовремениот уред во светот за скенирање на лица Провижн 2 од фирмата „Л3“. Беше можно да се види во живо и да се проучи начинот на работење според принципот на Active Milimeter Wave технологијата. Во таквиот уред ротирачки пар на предаватели (360°) емитира електромагнетни бранови со ниска енергија. Тие потоа се одбиваат од телото на лицето кое е во неподвижна положба со рацете нагоре. Ротирачкиот пар на приемници (физички се наоѓаат на ист подвижен дел како и парот на предаватели) прима одбиен сигнал врз база на којшто се во интеракција со АТР-софтверот, идентификува потенциална закана. Зрачењето на уредот е не-јонизирачко, речиси идентично со она на мобилните телефони.

Со оглед на тоа дека лицето скенирано со овој уред се наоѓа во една позиција во текот на целиот преглед, овозможен е голем проток на луѓе преку контролниот пункт. Должината на едниот преглед е само 6 секунди, вклучувајќи го и влезот и излезот на лицето од скенерот.
Освен на аеродромите, уредот може да се користи во сите институции кои бараат зголемена контрола на луѓе.

KING Геопортал - ГИС ВЕБ пребарувачот на новата генерација, дава преглед и анализа на просторните податоци од различни системи кои компанијата ги има во својот опсег на работата. Функционалности како што се: универзален пребарувач, 3D-приказ, алатка за споредба на различни слоеви, алатки за преглед на промени на податоци во текот на времето, како и споредување на податоците од различни временски периоди, овозможува брза и квалитетна анализа на различни аспекти на просторни информации.

Геопорталот е исто така многу ефикасна платформа за соработка и брзо и едноставно разменување на просторни информации - размена на тековен картографски поглед, исцртани области или ознаки на карта преку е-пошта (e-mail), социјални мрежи, QR-кодовите и слично.

Тој е базиран врз најновите технологии (OL3, AngularJS, Д3, итн.), со приспособлив дизајн, особено за мобилни уреди, каде што има можност за работа со мапи офлајн (offline).

Колку пати не ви работеше интернет-конекција во моментот на испраќање понуда на многу важен клиент? Или пак, апликација за пресметка на плати „спие“ на денот на исплата? Бизнис без пречки, го нарековме деловното информатичко решение кое ги евидентира пречките врз база на пријави, овозможува нивно решавање и на раководството му обезбедува информации за брзи реакции и одлуки. Решението овозможува поглед на сеопфатно деловно работење од едно место, забележува отстапувања, проблеми, дефекти и пречки. Решението се базира врз КИНГ Service Lifecycle платформа развиена во КИНГ ИЦТ.

Е-учењето е концепт на едукација  со помош на информатичките технологи, осносно системи за управување со е-учење. Предностите на е-учењето се обука на голем број вработени/студенти (100+) во исто време на различни локации, времето за едукација е приспособено на работните задачи, без отсуство од работното место, заштеда на трошоците за службени патувања заради едукација во другите градови, брза размена на знаења и едноставна можност за чести обуки, едноставна и брза администрација, можноста за следење и мерење за активности на содржини и тестови. Е-содржините овозможуваат универзално мултимедијално прикажување на материјали, анимирани примери и аудио-визуелни интерактивни симулации, со што се постигнува подобро разбирање и памтење на материјалот. КИНГ ИЦТ нуди е-учење со поддршка од LMS Mentor 2.0 систем за управување со е-учење, кој овозможува дистрибуција на дигитални образовни содржини, како и организирање и спроведување на наставата и на учењето преку компјутери.

Системот за најавување на посетителите е решение за контролирана евиденција за најавување посетители и спроведување постапки за одобрување на посети во рамките на компанијата. Системот обезбедува извонредна контрола  за најава на посетителите, одобрување на посетите и контрола на пристап преку интеграција со IMCS систем.

Евиденцијата на пристигнување и заминување на посетителите, електронска (e-mail) нотификација за најава на посетата, контрола на пристап до одредени зони, најавувањето на групни посети со генерирање на уникатни баркод етикети за секој посетител и автоматска ескалација во случај на кршење на роковите за одобрување на посетата, се само некои од предностите на ова решение.

И оваа година ги претставивме напредните интеграциски решенија за безбедносни системи со серија технолошки иновации - од најновата генерација на мрежни камери со целосен интеграциски приказ и интеракција со противпровалниот систем, контрола на пристап и евиденција на информации за најавување на посетителите преку нова централна апликација за надзор КИНГ Situation Management. Посебно е претставена напредната интеграција со системот за читање РФИД-биометриски лични и патни исправи, како и интеграција на податоците во централен систем за надзор.

Вниманието предизвика и решение на компанијата FireEye со кое може да се откријат и да се блокират напредните закани и малициозни активности, особено оние насочени кон zero day на ранливост, чие постоење и активност не може да ги откријат стандардни антивирусни методи и алатки.

Посетителите имаа можност да ги запознаат технолошките иновации во проектирањето и во изградбата на центри за податоци, меѓу другото, брзи и флексибилни системи за структурно каблирање, контролен софтвер, коишто во реално време со 3D-визуелизација покажуваат комплетна инфраструктура во центарот за податоци, вклучувајќи ги и принципите за енергетска ефикасност на центрите за податоци.

ДЕЛОВНО-ТЕХНОЛОШКИ РАБОТИЛНИЦИ

Одржани се 12 деловно-технолошки работилници, каде што можеше да се слушне и да се научи повеќе за новите технологии и да се учествува во дискусиите. Темите на работилниците опфатиле голема низа на интереси: INSPIRE директивата; напредни интеграциски концепти за системи за безбедност; CISCO IWAN - револуција во поврзување на експозитури; HPE Synergy – платформа зa Hybrid IT; веб-апликации и како да ги направиме безбедни, сигурни и достапни; управување со софтверски системи  на долг рок и др.